Свет
8. February 2024 - 8:32

Во американски напад во Ирак убиен командант на Катаиб Хезболах

Централната команда на американските вооружени сили (ЦЕНТКОМ) соопшти дека во вчерашниот напад врз ирачка територија убиен е командант на шиитската група Катаиб Хезболах.

Нападот бил преземен како одговор на нападите врз американскиот воен персонал во регионот.

Убиениот командант на влијателната проиранска шиитска група е одговорен за директно планирање и извршување напади против американските сили на Блискиот Исток.

ЦЕНТКОМ наведе дека во нападот нема цивилни жртви. Исто така не го откри идентитетот на загинатиот командант.

Според медиумите командант Абу Бакр ал Саади бил убиен во напад со беспилотно летало врз возило во источен Багдад.