Во Албанија пристигнаа уште две групи Авганистанци, до сега вкупно 275
Во Албанија пристигнаа уште две групи Авганистанци, со што вкупната бројка сега изнесува 275, кои освен во Драч сместени се и во студентскот центар во Тирана.
Министерството за Европа и надворешни работи соопшти дека една од групите ја сочинувале 95 лица, од нив две деца, додека другата 59 лица.
На аеродромот во Тирана, групата која пристигнала доцна синоќа била пречекана од шефицата на дипломатијата Олта Џачка, додека втората група во еден часот по полноќ и од премиерот Еди Рама американската амбасадорка Јури Ким.
Според Џачка повеќето од пристигнатите се студенти и жени претставнички на граѓански организации, чии животи се во опасност од Талибанците.
Првата група Авганистанци, вкупно 121, пристигна вчера наутро, околу три часот, која според албанските власти ја сочинувале претставници на меѓународн организации, меѓу кои и на СОРОС. Тие се сместени во Драч, каде вера попладне ги посети премиерот Рама.
Албанија, според Рама, ќе прими над три илјади Авганистанци.
Ново на Сител
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото
-
7-месечно бебе од Вевчани починало откако паднало на глава од креветче