Во Албанија од јануари Ковид-19 дијагностициран кај 700 деца, а кај неколку и Кавасаки синдромот
Од почетокот на годинава, кога и почна трендот на раст на новозаразени со Ковид – 19, во Албанија опасниот вирус е дијагностициран кај 700 деца, потврди Ѓеорѓина Кули, позната албанска докторка-педијатар.
Додаде дека речисi 80 отсто од болничките капацитети наменет за хоспитализација на деца се пополнети.
-Зголемувањето на нови случаи се рефлектира и кај децата. Имаме 700 заразени деца од јануари, имаме зголемена стапка на хоспитализација од ноември, бидејќи во јануари бевме со полн капацитет и подготвивме споредни сценарија како а тоа ќе продолжи, така да 75-80 проценти од креветите се пополнети, изјави таа во директна врска, за телевизијата Топ чанел.
Таа зборуваше и за тоа колку се погодени бебињата од Ковид-19 и од кавасаки синдромот.
-Повеќето случаи се лекуваат во домашни услови, додека во однос на децата хоспитализирани во болница, тоа се бебиња стари еден до два месеца, дури и новороденчиња со компликации а се заразиле од нивните мајки. Досега имаме добри резултати. Моментно имаме само две деца на интензивна терапија и не се интуитивни. Од самиот почеток беше речено дека децата се помалку ранливи, но всушност имаме неколку деца со Кавасаки синдромот, што кај децата се појавува одреден временски период по инфекцијата со ковид,тврди докторката Кули.
Порачува граѓаните да бидат будни за да почне лекувањето од самиот почеток на појава на болеста, а родителите да побараат лекарска услуга доколку тридена по ред нивното дете има висока температура.
Во земјата само во овој месец просечно дневно опасниот врус е дијагностициран кај 1.080 лица а се зголемува бројот на понати или во просек по 14 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување