Во 398 контроли на месарници уништени 414 килограми небезбедно месо

Нехигиена во објектите, неспроведени мерки за дезинфекција и дезинсекција, неправилно декларирање на месото, непоседување на комерцијален документ за пратка месо се недоследности кои биле констатирани од страна на инспекциските контроли што ги спровела Агенцијата за храна и ветеринарство од декември досега.
Како што соопштија од Агенцијата, со засилени инспекциски контроли биле опфатени 398 месарници во однос на условите за производство, чување и трговија со месо и производи и подготовки од месо.
- Со контролите утврдено е и дека некои од операторите немале План за вршење на микробиолошки анализи на производите и подготовките од месо, а утврдено е и дека еден оператор со храна вршел дејност во нерегистриран објект од Агенцијата за храна и ветеринарство, наведуваат од Агенцијата.
За констатираните недоследности кај операторите со храна кај кои се спроведени контролите, донесени се 25 решенија за отстранување на недостатоците, спроведени се девет едукации и изречени 11 парични казни во висина од три до пет илјади евра во денарска противвредност.
Како небезбедени поништени се 414 килограми производи од животинско потекло кои биле произведени во несоодветни услови, односно, во неодобрен објект од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Засилените инспекциски контроли на месарниците, официјалните ветеринари ќе продолжат да ги спроведуваат и во наредниов период и тоа на цела територија на Република Македонија, посочуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
