-->
-->
Во 2017 година Кина затворила 128.000 „штетни" интернет страници
-->
Минатата година Кина затвори околу 128.000 интернет сајтови, кои содржеле нецензурирани или други „штетни" информации, соопшти официјалната државна агенција Синхуа, цитирајќи го националното биро за борба против порнографијата и нелегалните објави.
Во текот на годината биле конфискувани 30,9 милиони нелегални објави, а повеќе од 4,55 милиони објави на социјални мрежи биле избришани.
Синхуа наведува дека во многу случаи тоа било направено по реакција од јавноста. Добиени се вкупно 121.000 такви реакции.
Бирото соработувало и со одделенијата за јавна безбедност и авторски права, што резултирало со заведени 147 важни случаи. Истражени се повеќе од 900 „криминални“ случаи, по што 1.900 лица добиле кривични пресуди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница