Во 2015 година од Шпанија емигрирале рекорден број Шпанци-речиси 100.000
Минатата година од Шпанија емигрирале рекорден број државјани, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на податоците на Националниот статистички институт.
Речиси 100.000 Шпанци ја напуштиле својата татковина во текот на 2015 година, а една осммина од нив заминале за Велика Британија, 10 проценти за Франција, 9,6 проценти за Германија, а 9,3 проценти за САД.
Оние, кои се заминати во Велика Британија, сега се исправени пред несигурната иднина заради Брегзитот. Некои од Шпанците, кои ја напуштиле својата земја, се родени во Латинска Америка и во други земји, а потоа добиле шпански пасоши.
Според статистичките податоци, во 2015 година шпанското население се намалило за 11.142 лица и сега изнесува 46.438.000 лица.
Во текот на минатата година 114.207 странци станале шпански државјани. Секој петти од нив дошол од Мароко, а останатите се главно од Еквадор, Колумбија, Доминиканска република.
Податоците уште покажуваат дека нето приливот на странци во Шпанија од 2010 година до сега изнесува 38.317 лица.
Според податоците, најголемиот број странци кои ја напуштиле Шпанија биле од Бугарија, Романија и Велика Британија. Во земјата најмногу странци пристигнуваат од Италија, Венецуела, Украина и Хондурас.
Ново на Сител
-
Утре во Штип, Кочани, Облешево и Скопје ќе биде погребот на починатите во пожарот
-
Кочанскиот суд го продолжил притворот од 48 часа за десет лица, за шест се одлучува
-
Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме
-
Во Делчево одржан академски час за загинатите во несреќата во Кочани
-
Утре и во петок сончево и потопло, викендот облачно со локален дожд
-
Приведени три лица за кражби во куќи во Прилеп
-
Досега собрани 20.932.654 денари за настраданите, хуманитарната акција продолжува
-
Причината за убиствата на Вања и Панче е прашање за Палевски, вели Манев