Македонија
13. February 2022 - 12:18

ВМРО-НП: Се плашиме дека набрзо ќе пропадне иницијативата за дискусии за една изборна единица

ВМРО-Народна партија ја поздравува иницијативата за отворање на дискусија околу промената на изборниот модел во „една изборна единица“.

Но како што се развива дебатата и правецот на дискусиите се плашиме дека целата иницијатива набрзо ќе пропадне.

Затоа ВМРО-Народна партија предлага, да се побара компромис во предлогот на ДУИ и БЕСА за изборен модел кој опфаќа три изборни единици без долен праг.

Длабоко сме уверени дека и ваквата промена е сепак подобра од моменталниот изборен модел и дава поголеми шанси на малите политички партии.

 

Центар за комуникации на ВМРО-Народна партија