Македонија
20. November 2024 - 16:31

За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари

Одмрзнатите маржи ја вивнаа цената на храната.

Потрошувачката кошничка за првпат надмина 62 илјади денари. Толку пари му требаат на четиричлено семејство за да го преживее ноември и да ги плати само најосновните трошоци.  Најголемо поскапување,  над 600 денари  има кај храната, која сега не ја покрива ни една минимална плата. За да се спречи растот на цените, од Синдикатот бараат  построги  механизми од државата, што  ќе ги спречи трговците од ракав да ставаат цени

 „Мора да се зауздаат трговците да не ставаат цени од ракав коишто сме должни да ги плаќаме, бидејќи како што велат тие има потрошувачка и затоа се тие цените. Меѓутоа утре на некој може да му текне дека и лебот треба да биде 300 денари, а без леб знаеме дека не се живее и граѓаните се должни да го платат тоа. Затоа мора да има построги механизми државниот пазарен инспекторат, тоа се да си оди преку економија и труд, министерот да излезе и да каже еднаш засекогаш колку треба да бидат цените“ – Иван Пешевски, ССМ

 

ОКТОМВРИ

НОЕМВРИ

РАЗЛИКА

Храна и пијалаци

22.069

22.678

+609

Облека и обувки

5.750

5.659

-91

Станарина, вода, електрична енергија, и греење

6.020

6.020

0

Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот

1.901

1.901

0

Здравје

1.122

1.135

+13

Транспорт

4.743

4.727

-16

Комуникации

3.240

3.417

+177

Рекреација и култура

4.378

4.458

+80

Образование

7.036

7.036

0

Ресторани и хотели

3.891

3.891

0

Останати стоки и услуги

1.100

1.100

0

 

Ако цените продолжат да растат, од Синдикатот највуваат дека ќе излезат на протести. Основна цел на Синдикатот е да го заштитат стандардот на работниците, а со ваков раст на цените, тие стануваат се посиромашни

Тоснко од јануари годинава кошничката е зголемена за 8,5% или за скоро 5,000 денари. А најгоелм дел од платите останаат исти. додава Пешевски.

Зголемената кошница за 770 денари за еден месец е резултат на неспособноста на владата и нејзините погрешни политики кои ги водат граѓаните до работот на економска издржливост, велат од СДСМ. Цените на храната секојдневно растат,  платите стагнираат,а граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Владата на Мицкоски  не само што не презема конкретни мерки за намалување на ценовниот шок, туку со својата пасивнсост дополнително ја влошува ситуацијата. СДСМ веќе предложи две мерки, храна без ДДВ и и згоелмуавње на минималецот на 450 евра, но власта ги одби, велат од опозицијата

Од Министерството за економија пак, најавуваат нов модел за намалување на цените на основните производи. . Наместо Владата, трговците сами ќе креираат кои производи  ќе влезат во новогодишната кошница . Нив маржата ќе им се намали на 5 отсто кај производителите и 5 отсто кај трговците.  Кошничката ќе се приемнува од 15 ти декември и ќе трае до 15 ти јануари.