Македонија
22. јуни 2022 - 16:12

ВМРО-НП: Францускиот предлог содржи многу елементи во интерес на Македонија

Од ВМРО-Народна партија сметаат дека во францускиот предлог има многу елементи кои се во интерес на Македонија со цел надминување на ветото и продолжување на Европската интеграцијата на државата.

„Ги повикуваме сите оние кои го критикуваат францскиот предлог да не го отфрлаат во атмосфера на хистерија туку конкретно да ги критикуваат деловите кои сметаат дека не се во интерес на Северна Македонија“, пишуваат од партијата на Фејсбук.