ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник, а има најголем буџет
ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник, иако има најголем буџет.
Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека Жерновски ги заборавил и не ги реализирал своите проекти и ветувања кои ги дал во 2013-та година, а беа содржани во неговата предизборна програма.
- Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, кој ќе биде единствено запаметен како градоначалник кој за уредување на две улички има потрошено рекордни 1.2 милиони евра, пари на граѓаните на Општина Центар, рече Попова.
Потсети, како што рече, на сите лажни ветувања што тој ги дал, како изградба на ново училиште во Капиштец, поставување енергетско ефикасни фасади на основните училишта, изградба на безбедни училишни премини и обезбедување персонал за безбедно поминување на учениците. Ветуваше, рече Попова, и бесплатни правни совети, бесплатна достава на прехранбени продукти, бесплатна достава на лекови, но ништо од ова не се остварило, субвенциоирани спортски курсеви за заинтересираните ученици во повеќе популарни спортови.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино