Македонија
9. February 2025 - 16:38

Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса

Младите не сакаат да учат и да работат занает затоа што сметаат дека тоа е тешко и неисплатливо, иако поради дефицит на кадри и големата побарувачка, одредени занаети се меѓу најплатените професии.

Социјалните мрежи направија вештините да им се доближат и мислат дека сами можат да достигнат некои вештини, тие сакаат брза заработка и не се зиантересирани за пракса смета, Наумоска од бизнис секторот, така што многу од оние кои земале финансиски надоместок за отпочнување свој бизнис истите го затвориле после една до две години. Само 10 до 20 проценти остануваат на патот на претприемништвото другите опаѓаат.

Загрижува одливот на стручниот кадар од земјава. Младите заминуваат разочарани од корупцијата и системот надевајќи се  дека надвор од родното место ќе најдат подобра услуга и ќе им биде вреднуван нивниот труд.

Решението надлежните го гледаат во враќањето на култот кон образование и одговорноста, зголемување на свесноста на родителите, образовните институции и децата.