ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем се сведе на донации и апели за лекување
Филипче со епидемијата се справува со ред лаги, ред матни зделки, ред неспособностт
Венко Филипче со ковид епидемијата се справува со ред лаги, ред матни зделки и ред неспособност.
Бројките се безмислосни, Македонија поради Филипче и Заев е петта земја од позади по вакцинација, а во топ 5 земјите во светот по смртност од ковид 19.
Како што сами кажуваат од владата во екот на епидемијата инвестирале само 7 милиони евра за справување со здравствената криза, а во исто време граѓаните платиле десетици милиони евра од свој џеб за тестирања, лекување и купување на лекови, маски дезифициенси и здравствена заштита.
Здравствениот систем се распадна и се сведе на донации и апели за лекување.
И по правило Филипче соочен со фактите и својата неспособност лаже и бара виновници во други, еднаш граѓаните, еднаш опозицијата, еднаш ЕУ. Лаже исто како што лажеше дека ќе сме добиеле вакцини од Бугарија во декември, како што лажеше дека потпишал договор со Фајзер и дека во февруари ќе пристигнат нивните вакцини, како што лажеше дека потпишал договор за набавка на кинески вакцини, а всушност со Заев пробувале да набавуваат преку фантом фирми од Хонг Конг по повисоки цени од реалните.
Половина година лаже Филипче, дури народот умира и се заразува, па уште без срам обвинува други.
Не Филипче, ти си виновен и одговорен за тоа и ќе понесеш одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија