Македонија
23. December 2021 - 9:26

ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното

Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното.

Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна.

Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа  па плаќа пенали во милиони евра.

Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување  на цената на парното.

Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ