ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот на криминалната власт на СДСМ и ДУИ е најголемиот непријател на европската иднина
Веќе и на членството во СДСМ им е јасно дека Заев се однесува како сопственик на партијата, па назначува наследник - управител, како Ковачевски, кој треба да го одржува во живот заевизмот. Расколот во СДСМ е нивна внатрепартиска работа. Најважно е со заминувањето на Заев да замине и заевизмот од власта, затоа што тој е сидрото кој не и дозволува на Македонија да оди напред.
Власта на СДСМ и ДУИ се наголемите непријатели на евроинтеграциите и европската иднина на Македонија. Тие се олицетворение на целиот криминал, корупција, неодговорност, башибозлук и неспособност во државата. Ваквата власт на СДСМ и ДУИ ги осиромашува граѓаните, а за жал чини многу животи. Заради власта расте разочарувањето, апатијата и скептицизмот на народот кон членството во ЕУ.
Се што фати криминалниот картел на СДСМ и ДУИ се криминализираше, а народот гледа ккао тоа поминува неказнето. Веќе народот нема верба во правната држава, еден од темелните европски вредности. Народот не гледа еднаквост пред законите, нема одговорност, нема судство, нема образовен систем, нема здравствен систем. Секој аспект од живеењето е урнисан од власта, секој европски принцип и вредност е погазен.
Заевизмот е најголема закана за европските вредности и европската иднина. Пиуните кои треба да го продолжат заевизмот треба да си заминат заедно со Заев. Тоа може да се случи само преку брзи предвремени парламентарни избори.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Институциите го зајакнуваат системот за интегритет, практичната примена останува предизвик
-

Тема на денот со Благојче Атанасовски, аналитичар
-

Нов апарат за дијагноза на остеопороза во Мајчин дом
-

Прилеп доби Центар за менаџирање на дебелина
-

Ленче Ристоска си поднесе оставка
-

Претседател на бугарско здружение опфатен во акција за лов на педофили
-

Нови сведоштва за насилството на Стојанче Јовановски кон сопругата
-

Големите пекарници ветуваат: Засега нема поскапување на лебот
