ВМРО-ДПМНЕ: Заев не чувствува одговорност кон државните интереси
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини дека лидерот на СДСМ Зоран Заев не чувствува никаква одговорност кон заштитата на државните и националните интереси и уште еднаш ја реафимира понудата до него да се откаже од платформата на албанските партии, а за сметка на тоа да ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
- Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Заев го прифаќа се ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова може да предизвика штета на среден и долг рок.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека СДСМ вакво нешто има направено и во 2004-та година кога за глас повеќе во претседателската трка одлучила да го протурка Законот за територијална поделба.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега