ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ добија „не“ од народот за нивните антидржавни политики
Зоран Заев и СДСМ добија едно големо НЕ од народот за нивните антидржавни политики, неспособност и расипништво.
Народот им кажа НЕ на Заев и Тевдовски за растот на БДП од нула проценти и економијата која е во слободен пад. Народот му кажа НЕ на Зоран Заев за урнисаното здравство кое на министерот Филипче единствено му користи кога треба да подели некој тендер.
НЕ, доби и Царовска која заедно со Заев упорно го лажеше народот дека нема да има мигрантски кампови во Македонија. Големо НЕ имаше и за Оливер Спасовски кој користеше сила кон народот кој требаше да го штити, народот кој сега живее во страв поради низата убиства и крвави напади кои Спасовски се уште ги нема разрешено.
Народот го покажа и своето незадоволство од капитулантскиот договор со Грција кој го потпиша Димитров, под покровителство на Зоран Заев и Радмила Шекеринска. Договор со кој СДСМ и Заев се откажаа од се што е македонско, македонскиот јазик, идентитет, име, нашата историја, но и иднина. Народот го искажа својот револт и за состојбата во судството. За сите нарачани пресуди во политички монтираните случаи, за сите ослободени криминалци и за неправдата која царува во државата.
Граѓаните покажаа дека не им е до славење. Не им е до славење поради прерано згаснатиот живот на Никола Саздовски. Поради фактот што цените на основните продукти потребни за живот растат, а нивните плати и пензии стагнираат. Не им е до славење ни на вработените во сите оние фирми кои заминаа во стечај изминативе година дена. НЕ, за прослава на поразите кои Зоран Заев и ги приреди на Македонија, и чемерот и јадот кои тој го донесе.
Народот покажа дека му е доста од оваа ненародна власт која мора да замине. Македонија ќе победи.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава