Македонија
22. October 2021 - 11:19

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да си даде оставка од партијата и владата, три пати лаже дека ја сфатил пораката

Заев да си даде оставка од партијата и владата, три пати лаже дека ја сфатил пораката, за да може да продолжи да краде.

На 22.04.2019 година за време на претседателските избори Заев доби метла на митинг, што требаше да биде метафора за чистки во власта. Тогаш Заев кажа дека ќе има реформи, кадровски промени и промени во пристап. Но што навистина се случи?

1.       Заев и Филипче наместо да набават вакцини тргнаа по светот по провизии.

2.       Убедливо најкатастрофално се справија со КОВИД кризата.

3.       Името на Вице беше избришано од кривична пријава за рекет во РЕК Битола.

4.       Ден Дончев кој беше фатен со туце пари во ташна е на слобода.

5.       Македонија не успеа да отпочне преговорите со ЕУ.

Една година подоцна Заев со истата лага од партиски конгрес кажа дека ќе менува, ќе има промени и ќе се подобрува работата на владата. Но што се случи навистина?

1.       Драги Рашковски кој инфлагранти беше фатен во местење тендери, наместо во затвор да заврши во домашен притвор, а тој го бранеше и влијаеше на истрагата преку медиумите дека е невин.

2.       Оливер Спасовски и тој дадоа над 200 пасоши на белосветски криминалци, кои со македонска патна исправа се шетале низ светот и вршеле кривични дела.

3.       Завршивме на 111-то место на листата на „Транспаренси интернешнл“ за криминал и корупција.

4.       Во Извештајот на Стејт Департментот е посочено дека американски фирми сведочат за корупција во државата.

5.       60.000 останаа на улица, 5.600 фирми затворија.

6.       14 луѓе живи изгореа и никој не понесе одговорност. Крив им беше кабелот или полначот.

И сега повторно Заев вели дека ја сфатил пораката и повторно како и два пати до сега лаже, а лаже за да краде. За Заев нема простор за уште една шанса. Тој ги прокоцка сите шанси. Ги прокоцка нашите пари, дел од нашите животи и илјадници судбини.

Македонија избра промени. Потребен е само уште еден чекор. Масовна излезност на 31 октомври и поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ. Да создадеме нова иднина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ