-->
-->
Зеленски: Конфликтот Израел–Иран може да ја намали воената помош за Украина
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази загриженост дека ескалацијата меѓу Израел и Иран би можела да доведе до намалување на воената помош за Украина.
– Би сакале поддршката за Украина да не се намали поради ова. Последниот пат тоа беше фактор што ја забави помошта, изјави Зеленски.
Тој предупреди дека нападите врз Иран предизвикале раст на цената на нафтата, што ѝ оди во прилог на Русија.
– Ова е лошо за нас. Цената на нафтата скокна, рече тој.
Украинскиот лидер оцени и дека поддршката на Европа se namaluva без ангажманот на САД, бидејќи „Европа сè уште не одлучила што ќе прави со Украина ако Америка не е тука“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги