ВМРО-ДПМНЕ: За земјоделците нема пари, но Љупчо Николовски има 1.4 милиони за фирмите на Заев
За земјоделците нема пари, но Љупчо Николовски има 1.4 милиони за фирмите на Заев.
Тргопродукт, фирмата на Заеви доби 1.4 милиони евра грант од МЗШВ на Љупчо Николовски, во услови кога обичните земјоделци ги продаваат производите под цена или воопшто не можат да продадат затоа што нема откуп.
Ова е скандал, затоа што Љупчо Николовски беше и министер во владите на Заев, а Тргопродукт фирма на Заеви.
И додека Заеви ги бројат 1.4 милиони евра од Николовски, оризарите немаат пари затоа што уште не им е допродаден оризот, производителите на зелка не можат да ја продадат зелката, откуп скоро за ништо нема.
И Љупчо Николовски наместо да се ангажира за да обезбеди откуп, и да ги исплати субвенциите на земјоделците, тој се грижи како да ги грантира фирмите на Заеви.
ВМРО-ДПМНЕ ќе ги промени ваквите практики во земјоделието. По промената на власта владата ќе се насочи на помош и решавање на проблемите на вистинските земјоделци.
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември