ВМРО-ДПМНЕ: Владиниот Генерален секретаријат работи незаконски

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Генералниот секретаријат на Владата и нејзиниот прв човек Драги Рашковски работат незаконски.
Според Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашковски незаконски разрешува и поставува во најголем дел некомпетентни и неспособни партиски кадри.
- Сите овие одлуки се спорни. Сите овие решенија ќе паднат кога судовите и надлежните институции ќе се одважат и нема да потклекнуваат на притисоците од СДС, односно кога ќе почнат да постапуваат исклучиво според законот, рече Рамчиловиќ на прес-конференција.
Тој тврди дека Рашковски го ангажирал својот кум Дејан Костиќ за адвокат на владиниот Генерален секретаријат, што, како што наведе, е е врв на непотизам и самовластие.
Рамчиловиќ праша зошто е ангажиран адвокатот Костиќ, кога, како што посочи, Секретаријатот има правна служба.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
