ВМРО-ДПМНЕ: Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија
Владата со воведување на прогресивниот е на пат да ја уништи македонската еконoмија.
СДСМ го укинува концептот на едноставем рамен данок кој во изминативе 11 години даваше резултати, генерираше раст и отвораше нови работни места, кој се применува во 20 - тина земји од Европа.
СДСМ со воведување на прогресивниот данок оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата. Бизнисот е директно погоден од ова мерка и истото ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места.
Власта со зголемување на даноците директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија.
Некои компании веќе најавуваат повлекување од инвестициски вложувања во Република Македонија. Ќе се засили одливот на мозоци, затоа што ова ќе ги погоди професионалците, оние кои што со својот труд и со својот ум придонесуваат што пазарот ги вреднува нивните квалификации, личности кои ние по секоја цена треба да ги задржиме во Република Македонија, да не отидат во некоја друга земја која што има подобри даночни услови.
Дополнително козметичките промени кои власта ги најавува во пензискиот систем исто така негативно ќе влијаат на отворањето на нови работни места и ќе ја дестимулираат економијата.
СДСМ со своето однесување застана спротивно од волјата на граѓаните. Оваа власт со своите активности оди на директна штета на еконoмијата.
Ново на Сител
-
Путин задоволен од резултатите од руско-американските преговори во Ријад
-
Без вода утре дел од Центар
-
Кривична против 59-годишен професор од Кочани, нападнал ученик со метален предмет
-
Уапсен 28-годишник од светиниколско, се обидел да изврши обљуба врз 18-годишна девојка
-
Измамена 79-годишна жена од Скопје за златен накит и сума од 216.949 денари
-
Кривична за 28-годишен Стружанец, со посебен уред ги намалувал потрошените киловати струја во угостителски објект
-
Симулациска вежба на македонската и грчката полиција за прекугранична контролирана испорака
-
Раководството на Милан разочарано од Ернандез