ВМРО-ДПМНЕ: Визијата на СДС е судство кое ќе спроведува партиски нарачки
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека СДСМ работи на планот на комплетно партизирање на судството, кое нема да ги гони нив за криминалите.
Невенка Стаменковска од оваа партија денеска на прес-конференција рече дека според визијата на СДС во Македонија мора да има судство кое ќе спроведува само партиски нарачки и политички прогон на неистомислениците.
- Затоа СДС максимално се труди во целост да го партизира судството и да го стави под своја контрола, исто како во 1997 година кога во една минута со една скандалозна одлука СДС промени 617 судии во Република Македонија, рече Стаменковска.
Додаде дека неоспорен „доказ за ваквиот план на СДС е фркчовистичкиот совет на т.н. реформи во судството преку кој Заев сака да овозможи поставување свои слепи послушници кои ќе ги спроведуваат неговите нарачки“.
Стаменковска истакна дека во овој совет за таа цел Заев ги поставил лустрираниот Љубомир Фрчковски, Маргарита Цаца Николовска за да го реформира судството според насоките на нејзиниот лидер, како и Гордан Калајџиев и Мирјана Најческа кои заедно со него фрлаа со боја врз државните институции.
Во советот за реформи, како што рече, нема ниту еден претседател на најголемите судови во Република Македонија, вклучувајќи го и претседателот на Врховниот суд.
- Јасно е дека СДС нема намера да работи за подобра и независна судска власт, туку за судство кое ќе овозможи партијата да ја направи држава, а државата партија, рече Стаменковска и додаде дека Зоран Заев не признава судство кое го гони него за случајот „Поткуп“ во кој е фатен на дело како бара стотици илјади евра од струмички бизнисмен.
Според неа овој совет на СДС има за цел целосно да го покори правниот систем, да ги понижи судиите и да ги натера да му се поклонуваат на Зоран Заев за да можат тој и партнерите непречено да го спроведуваат своето црно сценарио во Македонија преку режимот кој го инсталираат во моментов.
Граѓаните, рече Стаменковска, ќе го казнат ваквото тоталитарно однесување на антиреформаторите од СДС побргу отколку што Заев тоа го очекува.
Ново на Сител
-
Во Турција градоначалникот и неговиот возач убиени во престрелка, тројца се повредени
-
Во Кисела Вода со „фолксваген“ се забил во бетонски ѕид
-
И во наредните денови сончево време со студени утра
-
Неексплодирани бомби кашикари пронајдени на планинарска патека во Маврово
-
Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи
-
Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
-
Почина Оливера Николова - авторката на Зоки Поки
-
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар