ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да работи на подобрување на здравството
ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира на изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари посочувајќи дека се гледа дека тој едвај чека да влезе во конфликт по национални, етнички и партиски прашања.
- Му порачуваме многу да не се сили, да не скока, да се приземји, да не дојде брзо време да го моли за нешто ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно нема доволно политичко искуство, па ако станал министер мисли дека вечно тоа и ќе биде, и веднаш ја покажува својата ароганција и ксенофобичност, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Можеби, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, „тоа ќе му се допадне на неговиот шеф кој се храни со националистички и шовинистички изјави и со говор на омраза“, но не е добра препорака за мнозинството граѓани кои очекуваат подобрување на здравството со реформи, а не со кавги со политичките партии и со незрело однесување.
- Господинот Таравари се впиша како министер чија прва изјава е дека ќе руши реформи, наместо да спроведува реформи, како што најавуваа пред изборите. Арбен Таравари да излезе од улогата на политички месија, и да се започне да работи тоа што е, и она за што зема плата од граѓаните, министер за здравство, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис