ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката на пиунот Ковачевски од сега месечно парите за леб и млеко народот ќе ги дава за покачената струја и парно
СДСМ и пиунот на Заев, Ковачевски удрија по џебот на народот со поскапата струја и парно.
Лицемерни се обидите за правдање на ваквата расипничка и антинародна мерка со која сакаат да објаснат дека народот треба да биде среќен што само покачувањето на трошоците ќе биде над 30 посто доколку се земат струјата и парното заедно кои покачуваат со укинувањето на евтината тарифа за 15 и 14.05 проценти.
Воедно од 01 јануари едно просечно семејство парите месечно што ги дава за купување на леб и млеко ќе ги троши за да покачената струја и парно.
Секој еден граѓанин треба да знае поскапата струја, укинувањето на евтината струја и покаченото парно е исклучиво резултат на криминалните политики и пљачка која ја спроведуваат Заевци со тендерите во РЕК и ЕЛЕМ.
Полните џебови на Заевци од тендерите во РЕК денес значат празни трпези за граѓаните кои плаќаат повисоки сметки.
Денес криминалот на Заевизмот и Ковачевски се плаќа многу скапо на грбот на народот.
Центар за комуникацции на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР