Бизнис
6. October 2020 - 19:58

ВМРО-ДПМНЕ со нов протест против поскапувањето на струјата

За народот поскапа струја, за Бислимовски плата од 2,000 евра. Со ваков трнанспарент ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повикаа да се врати старата цена на струјата, а членовите на Регулаторната Комисија за енергетика, заедно со првиот човек Марко Бислимовски да си поднесат оставка. Велат дека во моментов, со августовското поскапување на 7,4%, граѓаните плаќаат најскапа струја во Европа, во однос на месечните примања.

- Веднаш бараме враќање на старата цена на струјата. Македонија плаќа најскапа цена на струјата споредено со примањата коишто ги имаат, односно немаат македонските граѓани. Бараме разрешување на Бислимовски како послушник на Заев. Заев го именувал, Заев да го смени. Ако не, Бислимовски и Комисијата да си поднесат оставка, изјави Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Од Регулаторната Комисја за енергетика демантираат дека платата на Бислимовски изнесува 2,000 евра. туку е во согласност со законот, односно  е пониска од 5 просечни плати. Сител дознава дека изнесува 1,570 евра месечно. За денешниоt протест велат дека Политички театар не коментираат – посебно кога по еден месец од одлуката партијата протестира. Намалување на цената е можно само ако енергеските компании го побараат тоа. До моментов нови барања нема.