ВМРО-ДПМНЕ: Со амандман ќе бараме усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната
ВМРО-ДПМНЕ со амандман ќе бара усогласување на платите во јавниот сектор, т.е. нивно скалесто зголемување во однос на минималната.
Владата е фрлена само на гол популизам, без да мисли за граѓаните во целост. Власта не ги почитува колективните договори кои се склучени помеѓу работниците и институциите.
ВМРО-ДПМНЕ бара износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата.
Согласно предлог амандманот кој го предлага ВМРО-ДПМНЕ наставник кој што има коефициент 2.503, и досега земаат нето плата од 24.782 денари, би требало да земаат нето плата од 45.054 денари.
Истото тоа го предлагаме и за средните училишта, односно професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат 45.594 денари.
Само со усогласување на коефициентите, што ќе донесе до покачување на платите во јавниот сектор како што треба да биде може да зборуваме за покачени плати.
ВМРО-ДПМНЕ за овој свој предлог бара поддршка од останатите политички партии, синдикатите и работниците.
Само преку реални мерки и покачувања за сите може да им помогне на граѓаните да излезат од сиромаштијата.
Ново на Сител
-
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите 100 национални кујни во светот
-
Разбиена криминална група која тргувала со оружје во Косово и Албанија, уапсени 14 лица
-
Отстранети неколку диви депонии во Ѓорче Петров, Чаир и Бутел
-
Изгласани законски измени за забрзување на изградбата на делниците на коридорите 8 и 10д
-
Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во две села во Србија, осуден на затворска казна од 20 години
-
За викендот повремен дожд, снег и ветер
-
Ѓоковиќ ќе игра на турнирот во Доха
-
Кривична пријава за охриѓанец кој си изградил куќа без одобрение