ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе биде запаметен како градоначалник кој повеќе сруши отколку што изгради
Петре Шилегов ќе биде запаметен од скопјани како најлошиот градоначалник во историјата на Скопје, како човек којшто сруши повеќе отколку што изгради!
Навистина не можеме да се изначудиме на омразата и презирот на Шилегов на се што е направено пред него, веројатно поради фактот што нема ама баш ништо направено и изградено во неговиот мандат.
– Во неговиот мандат нема ни 10 % реализација од неговата изборна програма, ама затоа за рушење на тоа направено пред него е прв. Досега го отстрани споменикот на Андон Лазов – Ќосето, се закануваше дека ќе рушел фасади, за сега да отстранува галии од коритото на Вардар, иако за тоа нема докрај завршена правна постапка. Со ова негово неодговорно однесување, тој може Градот Скопје да го направи подложен на судски спорови и да ги чини граѓаните милиони евра.
– Не му чинеа кинеските автобуси набавени за ЈСП, со кој всушност целосно се обнови возниот парк и се овозможи револуција во работењето на автобускиот превоз во Скопје.
– Не му чинеа оставените проекти за Универзална сала и Зоолошката градина, па еве 4 години подоцна на терен од новите проекти на Петре нема ни трага ни глас
– Не ми чинеше градската куќа бидејќи не можеше да ја собере армијата на партиски вработувања со кои ја преполни администрацијата. Истата ја продаде, замена нема, а во сред пандемија градската администрација работи под ризик во супстандардни услови.
– Не им чинеше Плоштадот Македонија и новата модерна џампинг џет површинска фонтана, која е една од најубавите во регионот. За денешната нејзина состојба, наместо целосната негрижа и неквалитетно одржување, Петре секако ги обвинува неговите претходници.
На Шилегов многу работи не му чинеа оставени од неговите претходници, ама судејќи по мизерниот степен на реализација на сопствената програма, очигледно и неговите проекти „не му чинат“.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари