ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема капацитет за проекти во патната мрежа
СДС не може да се помири со фактот што токму во време на ВМРО-ДПМНЕ се инвестираше во инфраструктурата како никогаш до сега. Се градат три автопати во исто време и уште стотици километри локални и регионални патишта, соопшти попладнево ВМРО-ДПМНЕ.
Во партиската реакција на соопштението на СДСМ во врска со изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, стои дека „СДС ниту во минатото, ниту во иднина ќе има капацитет барем приближно да реализираат проекти и инвестиции во патната мрежа“.
- Најдобар показател за нивната работа во ова поле е ветениот, а никогаш не реализиран пат од Велес до Прилеп. Вакви големи лаги СДС ветувал и во минатото, ветува и сега. Единствено народот по кои ги памети СДС се лажните ветувања од кои никогаш, па ни сега нема да има реализација и дела, посочува ВМРО-ДПМНЕ.
Со соопштението, додава, СДСМ потврдува дека е исто со СЈО и дека Катица Јанева е слуга на Зоран Заев преку кој се манипулира јавноста и се креираат политички случаи. - Правото и правдата се на страна на ВМРО-ДПМНЕ, а Зоран Заев и Катица Јанева еден ден ќе се срамат и ќе сносат одговорност за злоупотребите. Криминалите на Зоран Заев не застаруваат, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Во Македонија најчесто се гласа партиски и етнички
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
ДЗСИ бара одговорност кај здравствените работници во Прилеп за смртта на близначињата
-
Со донации и анекси на договорите ќе се надминува недостигот на биолошка терапија на Онкологија
-
Македонија нема систем за справување ни со поплави, ни со пожари
-
Оглас за избор на претседател на Врховен суд
-
Се води истрага дали бегството на Артан Груби било организирано
-
СДСМ: Скандалозен тендер во СОЗР