ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на страна на напаѓачите на докторите
За СДСМ е поважна хајката врз министерот за здравство Никола Тодоров отколку осуда на сторителите на вчерашниот напад на скопските клиники, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на опозициската СДСМ за последните случувања.
Според ВМРО-ДПМНЕ, „срамно и лицемерно е тоа што опозициската партија и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија“.
Осомничените за нападот врз докторите, наведува ВМРО-ДПМНЕ, денеска беа изведени пред надлежен судија на претходна постапка во Основниот Суд Скопје 1 - Скопје и добија пет кривични пријави. Се товарат за убиство во обид, нелегално поседување оружје, соучесништво, напад врз службено лице и предизвикување општа опасност.
- Судија на претходна постапка, откако ги ценеше фактите и приложените докази, им определи мерка притвор во времетраење од триесет дена. Ова се фактите. СДСМ и покрај фактите продолжува да стои на страна на осомничените и не го осудува криминалниот акт кој што тие го извршија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата