Македонија
21. December 2023 - 14:02

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ И ДУИ нанесоа трајна штета на европската интеграција

Владата предводена од СДС и ДУИ единствено што знае е да се грижи за личните и партиските интереси. И од држава воопшто и посебно од надворешната политика направија циркус, врати опозицијата. 

Чекорите кои ги преземаа Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ и Бујар Османи оставија трајни последици по евроинтегративниот пат на Македонија.  

Ковачевски, Маричиќ и Османи наместо да укажат на штетните и нереални ставови на Бугарија пред европските претставници, тие прифатија договор или услови кои се на штета на граѓаните и на државата.

Ковачевски, Маричиќ и Османи со обврските кои ги преземаа, а знаеја дека не може да се реализираат, купуваа само ден повеќе на власт. И додека ја бараа поддршката за неприфатливиот услов продолжуваа да крадат.

Сите нивни активности спротивни на правните норми во државата се запишани во извештајот на Европската комисија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.