-->
-->
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да каже каде завршуваат парите на граѓаните
-->
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска преку пишано соопштение го обвини СДСМ дека откако се на власт исчезнуваат парите на граѓаните и побара одговор каде завршуваат.
- Владата на СДС за неполни три месеци помогна да испарат стотици милиони евра народни пари без објаснување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека само од распишување на аукции на државни хартии од вредност државата е задолжена за нови 145 милиони евра.
Потсетуваат дека според НБРМ, девизните резерви на Република Македонија за два месеца се намалени за 177 милиони евра.
- Освен долгови и лаги граѓаните не видоа ни „Р“ од реформи, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. вј/лв/12:16
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Протест на вработените во 6 државни институции
-
Одбележување на Обрезание Господово и Свети Василиј Велики
-
Преглед на вестите од светот
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз