ВМРО-ДПМНЕ: СДС за три и пол месеци не направи ништо што ќе ја придвижи РМ напред
Зоран Заев ја злоупотребува полицијата за пресметка и заплашување на кандидатите за градоначалници кои не се од неговата партија.
СДС ги злоупотребува државните органи во пресметка со партиските неистомисленици.
Зоран Заев едно зборува пред камери, а друго прават неговите партиски потрчковци во институциите, кои ги кршат и базичните човекови права во спроведување на насоките дадени од партијата.
Владата на СДС нема направено ниту еден чекор напред кон ЕУ и НАТО. Владата на СДС единствено шо направи за овие три и пол месеци беше склучување на штетниот договор со Бугарија, на сметка на државните интереси.
Заев бесрамно зборува за економски развој и нови работни места, а всушност секој чекор му е насочен кон уништување на економијата. Најавеното покачување на даноците кон крајот на годината ќе предизвика зголемување на невработеноста и пад на бројот на инвестиции.
Лицемерно е кога Заев зборува за квалитетно здравство, а за три и пол месеци не видовме ниту еден проект во насока на подобрување на истото.
СДС за три и пол месеци не направи ништо што ќе ја придвижи Република Македонија напред. СДС само донесе стагнација на сите полиња во општеството.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија