Македонија
26. November 2015 - 14:49

ВМРО-ДПМНЕ: Реализирани се 8.000 трансформации на работен однос

Реализирани се 8.000 трансформации на работен однос, вклучително и работниот однос на вработените во високо образовните установи за кои СДСМ денес говореше, со што кај 8.000 лица значително се зголеми нивото на задоволство и сатисфакција од работењето и се обезбеди поголема економска сигурност за нив и нивните семејства, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на прес-конференцијата на Петар Атанасов од СДСМ.

Според владејачката партија, СДСМ преку паушални изјави и со прикажување делумни информации, се обидува да ја манипулира јавноста.

- Од  2006 година до сега, најниската плата се зголеми за 119 проценти, додека највисоката за 67 отсто. СДСМ најмалку има кредибилитет да говори за состојбите во високото образование и за статусот на просветните работници во земјата, затоа што токму во времето на нивното владеење, високо образовните установи беа опустошени, наставно-научниот кадар под постојан политички притисок, а студентите социјално загрозена категорија, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.