ВМРО-ДПМНЕ: Реализирани се 8.000 трансформации на работен однос
Реализирани се 8.000 трансформации на работен однос, вклучително и работниот однос на вработените во високо образовните установи за кои СДСМ денес говореше, со што кај 8.000 лица значително се зголеми нивото на задоволство и сатисфакција од работењето и се обезбеди поголема економска сигурност за нив и нивните семејства, соопшти ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на прес-конференцијата на Петар Атанасов од СДСМ.
Според владејачката партија, СДСМ преку паушални изјави и со прикажување делумни информации, се обидува да ја манипулира јавноста.
- Од 2006 година до сега, најниската плата се зголеми за 119 проценти, додека највисоката за 67 отсто. СДСМ најмалку има кредибилитет да говори за состојбите во високото образование и за статусот на просветните работници во земјата, затоа што токму во времето на нивното владеење, високо образовните установи беа опустошени, наставно-научниот кадар под постојан политички притисок, а студентите социјално загрозена категорија, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк