ВМРО-ДПМНЕ: Предвремени парламентарни заедно со локалните избори за излез од кризата

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение уште еднаш порача дека останува на својата понуда, доколку СДСМ се откаже од тиранската платформа и реализацијата на елементите содржани во неа, ќе му даде поддршка на Зоран Заев да формираат влада.
- Единствен излез од оваа ситуација е аболицираниот Зоран Заев и криминогеното раководство на СДСМ да соберат храброст и да ја отфрлат тиранската платформа, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, предвремени парламентарни избори заедно со локалните се решение од кризата бидејќи, како што се наведува, граѓаните тогаш ќе може јасно да одлучат дали ќе ја поддржат тиранската платформа и елементите содржани во неа.
- По најавата на уценетиот Зоран Заев за отворање дебата за елементите од тиранската платформа, дебатата почна да се реализира на дело. Човекот што го навредуваше и потценуваше македонскиот народ во секоја своја изјава, Питер Ванхауте ја откри крајната цел на ова сценарио, а тоа е федерализација на Република Македонија, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека албанската пратеничка Месила Дода се заканила доколку Заев отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида. Зијадин Села, како што се наведува, јавно го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци и кажа оти не го почитува знамето, грбот и химната на Република Македонија. Трифун Костовски, како што се наведува, дрско и без срам јасно говори дека треба да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси.
- Јавноста со право е загрижена. Јавноста може да претпостави дека оваа дебата, односно пазарење со националните и државни интереси, ќе заврши со редефинирање на државата, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
