ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро
Македонија три години тоне. Кога ќе се тргнат розевите очила на Зоран Заев и ќе се погледне реалноста, секојдневието кое го живеат граѓаните ќе видиме:
– Понижени просветни работници.
– Земјоделци кои немаат ни за леб.
– Работници кои земаат минимална плата, ама враќаат дел од парите кои ги земаат на рака на работодавачите.
– Лекари кои земаат плата со која не се покрива ниту месечната потрошувачка кошничка.
– Бизниси кои се рекетирани.
– Пензионери кои добиваат покачување со кое не можат да си купат ниту литро зејтин.
– Студенти кои во ек на испитна сесија се уште не можат да се сместат во студентски дом.
– Судии и обвинители кои не работат по закон, туку по диктат на власта.
– Криминалци на улиците, а чесни граѓани и патриоти во затворите.
– Професори на кои не можат мирно да штрајкуваат затоа што власта им се заканува.
Листата на понижувања и пропусти е бесконечна. Македонија не може вака. Со СДСМ на власт немаме функционална држава. Целиот систем е ставен во рацете на мафијата, а граѓаните се во заден план.
На хаосот мора да му се стави крај. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арбен Таравари, министер за здравство и лидер на АА
-
Меџити: Ова е почеток на крајот на Европскиот фронт, следува нов бран на дестабилизација во ДУИ
-
СДСМ: Божиновска должи одговори
-
Таравари за смртта на 14 месечното бебе - Лична одговорност мора да има!
-
На интернет измами најчесто наседнуваат луѓето со ниски примања, велат психолозите
-
ВМРО-ДПМНЕ: 250 евра за секој студент - 10 милиони евра фонд за бизнис за млади
-
Само 1% од вработените во ЈКП-ЈА се лица помлади од 35 години, а 65% постари од 55 години
-
Потребна е поголема поддршка на жените земјоделки