ВМРО-ДПМНЕ поднесе Предлог закон за амнестија, Џафери вели дека дебатата ќе ја покаже неговата судбина
ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието поднесе Предлог-закон за амнестија за лица осомничени, обвинети или осудени за собраниските настани од 27 април. Премиерот Зоран Заев вели дека Предлог-законот за амнестија е неприфалив. На иста линија со Заев е и вицепремиерот Бујар Османи, додека претседателот на Собранието Талат Џафери пак предложениот закон за амнестија го смета за апсолутно право на пратениците, но, како што вели, дебата на крај ќе покаже која ќе биде неговата судбина.
ВМРО-ДПМНЕ предлага законот да биде донесен по скратена постапка, а очекувањата на опоцизиската пратеничка група се нивните колеги од владејачките партии конструктивно да учествуваат во дебатата за законот и дека не станува збор за лажно ветување за правда и национално помирување.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев апелираше до сите политички партии и до нивните лидери вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев да го погледнат законот и да учествуваат во неговото донесување, а притоа доколку сметаат дека треба да поднесат и амандмани.
Тој додава дека се подготвени да разговараат и преговараат и оти со овој закон се предвидува и се уредува начинот на ослободување од кривично гонење, запирање на поведените постапки и целосно ослободување од издржување на казната затвор, а за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела.
-Со овој предлог закон се предвидува и бришење на осудата на лицата осудени заклучно со денот на влегување на сила на овој закон, рече Данев, потенцирјаќи дека со овој закон би биле опфатени сите учесници во насилствата од 27 април во Собранието вклчувајќи ги и пратениците, но и организаторите и останатите учесници и граѓани во настаните.
Целта, според него, е национално помирување и враќање на нормалните текови во државата.
За, СДСМ, вели премиерот Зоран Заев, Предлог-законот за амнестија е неприфалив. Тој додаде дека откако ќе се формира националното тело за помирување низ него ќе треба се најдат механизмите за помирувањето.
-Процесот почна во Македонија и затоа го формираме ова тело, тука во рамки на невлијание врз правниот систем, во него ќе најдеме механизмите како тоа да го постигнеме, а ваквиот начин на пост фестум, откако се се реши да се наметнуваат такви решенија апсолутно ќе го девалвира целиот правен систем, додаде тој.
Порача дека координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе има можност во тоа тело да ги претстави сите апскети на помирувањето.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на синоќешното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5 говореше за иницијативата за формирање Координативно тело за помирување, и потврди дека независната пратеничка група, која беше и иницијатор за вакво тело како едно од нивните барања, денеска до него ќе испрати официјален допис за негово формирање. Верува дека на следната редовна координација ќе биде договорено формирање на ова тело.
Во врска со предложениот закон за амнестија за 27 април од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Џафери истакнува дека апсолутно право на пратениците е да поднесуваат предлози, но дебата на крај ќе покаже која ќе биде судбината на овој закон.
Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во синоќешното гостување на телевизија Телма, на прашање во врска со идејата за помирување вели дека и како член на ДУИ и како вицепремиер ја поддржува идејата на премиерот Зоран Заев за неопходноста од помирување.
-Ја поддржуваме идејата за помирување, но она што ќе го промовира принципот на неказнивост во оваа држава е неприфатливо. Не се согласуваме со предлогот од ВМРО-ДПМНЕ за амнестија, но поддржуваме формирање на координативно национално тело за помирување во Собранието, вели Османи.
Во контекст на тоа додава дека координативно тело треба да го водат пратениците, а не претседателот на Собранието, затоа што, како што додава, дава друг карактер на тоа тело.
– Наш став е дека директните извршители на насилство од 27 април и нарачателите на насилствата не смеат да бидат предмет на било какво помилување. Доколку имало луѓе кои се колатерална штета, кои се нашле таму и немале намера да направат штета, но биле таму, тогаш треба да бидат дел од разгледување на координативното тело, вели Османи.
Ново на Сител
-
Врнeжи од снег во Берово, Делчево и на планинскиот превој Плетвар, не се пречка за сообраќајот
-
Кривична за два полицајци - неовластено му го ограничиле движењето на турски државјанин
-
„Росавијација“: Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ ја промени рутата поради густа магла и закана од украинските дронови
-
Обвинителството оформи предмет по допрен глас за изјавата на Мицкоски дека бил следен
-
Дурмиши: Доколку продолжат со зголемување на цените, одлуката за замрзнување на цените е подготвена
-
Протестен марш против аерозагадувањето утре во Скопје
-
Руте: НАТО ќе го зајакне своето воено присуство во Балтичкото Море
-
Педесет тони хуманитарна помош од ЕУ и СЗО се очекува да пристигнат во Сирија на 31 декември