Македонија
5. November 2020 - 16:46

ВМРО-ДПМНЕ побара одложување на локалните избори

Власта го одби предлогот на опозицијата за одложување на локалните избори во Штип и Пласница поради новиот бран на корона вирусот. Според СДСМ, државата ќе обезбеди услови за безбедни избори, а барањето на опозицијата го оценија како обид на Мицкоски да избегне пораз за да си ја зачува фотелјата во ВМРО-ДПМНЕ.
Со идентичен став како и СДСМ денеска се јавија и од инцијативата за одржување на вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ зад која стои така наречената Мериот Коалиција.
Во ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека барањето за одложување на изборите ќе го поднесат и во Собранието, но не откриваат дали ќе ги бојкотираат изборите доколку власта повторно го одбие.
Првиот круг од локалните избори во Штип и Пласница е закажан за 13 декември а рокот за поднесување на кандидатури истекува во сабота на полноќ. До сега, во Штип веќе има една независна кандидатура а свој кандидат истакна и СДСМ.
Новоизбраните градоначалници кои ќе ги заменат старите кои заминаа во Собранието и Владата ќе имаат можност да ја водат општината нешто помалку од 10 месеци пред редовните локални избори кои ќе се одржат во октомври, идната година.