ВМРО-ДПМНЕ: Платите паѓаат, трошоците за живот растат, а државата расипнички се однесува со парите на граѓаните

Платите на граѓаните се во слободен пад. Просечната плата во февруари е за 867 денари пониска од платата во февруари. Пад на платите се бележи во сите клучни сектори во економијата.
Платите рапидно паѓаат. 9.9% е падната платата во рударството, 6.3% во секторот за снабдување со електрична енергија, 11.7% пад бележат платите во транспортниот сектор, додека во секторот земјоделие платите паднале 6.11%, а во секторот уметност, забава и рекреација падот е 26.4%.
Платите паѓаат, трошоците за живот растат, а државата расипнички се однесува со парите на граѓаните. Само криминалниот картел во врвот на власта, на чело со Зоран Заев може да зема обврзница од 19.5 милиони евра, со рок на враќање од 30 години и камата од 29.1 милион евра.
Криминалниот картел на врвот на власт, на чело со Зоран Заев неосновано и без прекин се задолжува. Министерството за финансии ја крие вистинската висина на државниот и јавниот долг. Криминалниот картел крие дека висината на државниот долг за првпат надмина 4 милијарди, а јавниот долг рапидно оди кон 5 милијарди евра.
Додека државата економски пропаѓа, криминалниот картел во врвот на власта ги дефокусира граѓаните, влечејќи десетина патриоти по притвор и судови, сосема неосновано, само затоа што се политички противници на Зоран Заев.
Институциите се злоупотребуваат и се користат за политички пресметка. Правната држава е девалвирана и не се почитуваат законите. Ова беззаконие мора да запре. Граѓаните заслужуваат стабилни институции и правна држава. Овој криминален картел не смее да продолжи да ја управува државата. Граѓаните заслужуваат подобро.
Ново на Сител
-

Објавен документ напишан од Гоце Делчев, шифрирана азбука со која контактирал со четите
-

Од денеска достапен нов портал со листа на закажани хируршки интервенции - ја унапредуваме транспарентноста во јавното здравство, вели Алиу
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
