Османи-Даниелсон: Процесот на проширување се враќа на агендата на ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со директорот на Директоратот за проширување и соседска политика на ЕУ, Кристијан Даниелсон, соопшти денеска СЕП.
На средбата се разговараше за состојбата во областа на европските интеграции на земјава и перспективите околу враќањето на процесот на проширување високо на агендата на ЕУ, по неуспехот за изградна на консензус на октомвриските состаноци на Европскиот совет.
– Радува фактот што постојан бројни иницијативи за земјите членки за враќање на процесот на европски интеграции повторно високо на агендата на ЕУ. Тука е секако иницијативата на Италија и премиерот Конте, потоа писмото до претседателот на ЕК од страна на 16 земји земји – потписнички, а секако и документот на Франција со кој се потврдуваат европските перспективи на земјите од Западниот Балкан како полноправни членки на ЕУ. Се надеваме дека ЕУ ќе го искористи претстојниот период за повторно разгледување на можноста за одредување датум за старт на преговорите со Македонија во текот на хрватското претседателство, без разлика на процесот на реформирање на методологијата за преговори, истакна Османи на средбата.
Посочи дека земјата останува подготвена за старт на преговорите, исто како што беше и во октомври, но останува целосно фокусирана на обврските кои произлегуваат од хармонизацијата со европските правила и стандарди.
– Ние сме подготовени за преговори, исто како што бевме и во окотмври, и за нас единствена прифатлива опција е полноправно членство во Унијата, рече посочи Османи
Двајцата соговорници изразија оптимизам со оглед на позитивните сигнали кои стасуваат од земјите- членки и од Брисел за поддршка на процесот на проширување, согласувајќи се дека местото на Република Македонија е во ЕУ.
Ново на Сител
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
-

Приведени три лица во Гостивар, пронајдена дрога во возило кое било нерегистрирано | ФОТО
-

Полска затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
