ВМРО-ДПМНЕ: Откупот на тутунот е слаб и цените се ниски зашто СДСМ дозволи увоз
СДСМ се лицемерни и лажат. Ако увезениот тутун не го загрозува домашниот, зошто тогаш се намалуваат домашните договорени количини?
Секоја година имаме се помалку договори за откуп на тутун. Тоа е резултат на увозот на тутун кој го дозволи СДСМ, што ја урна цената на домашниот, но и го намали откупот во целост.
Дека постои увоз на тутун говори и поранешниот министер Трајан Димковски, сегашен заменик, кој во свои настапи и пишувања признава дека се увезува тутун. И сето тоа додека домашниот стпи не откупен.
Доколку минатата година беше договарен откуп за целото производство, тогаш од каде се појавија 1.5 милиони килограми неоткупен тутун? Од каде вишок ако се било договорено?
СДСМ наместо да лаже и манипулира со граѓаните нека каже колку тутунари останаа без договори оваа година, поради што повикале второстепена комисија?
Ја видовме грижата на СДСМ за земјоделците, затоа во ек на светска криза за храна, кај нас депониите се полни со непродадени земјоделски производи.
Кризата во земјоделието што СДСМ ја создаде е целосно вештачка создадена од нивната неспособност. Потребна е промена на власта и влада која ќе работи на пронаоѓање и помош при пласман на земјоделските производи.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Голема полициска акција во Тетово и Охрид - Се вршат претреси
-
Легално се продава најзагрозената пеперутка во Европа, која се наоѓа само во Македонија
-
Финансиска полиција: Внимавајте на фиктивни платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства
-
Не сакам да гледам слики од децата што ги убив, изјави момчето убиец од Рибникар
-
Уапсени петмина малолетници уапсени во Сараево поради лажни пријави за бомби – утрово нови закани
-
„Бизнис Лидер“ ги награди најуспешните македонски компании за 2023 година
-
Уапсен платен убиец во Белград