ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме пресуда и за лицата кои ги прекршија Уставот, Деловникот и законите
ВМРО-ДПМНЕ очекува по изречената пресуда од страна на судот за лицата кои учествувале во физичко насилство во Собранието на РМ во текот на вечерта на 27 април, правосудните органи да изречат соодветни пресуди и за лицата кои беа одговорни за политичкото насилство и флагрантно кршење на Уставот, Деловникот и законот во собраниската сала.
- Нападот на Собранието се случи одвнатре со кршење на најмалку 3 члена на Уставот на Република Македонија, најмалку 27 члена од Деловникот за работа на Собранието и кршење на законот за Собрание. Се што се случи потоа е последица на овој обид за државен удар од страна на тиранската коалиција на чело со СДС, рече на денешната прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, политичкото насилство во Собранието, пеењето химни на туѓи држави и насилничкиот избор на нелегален претседател на Собранието биле причините да се создадат револт и гнев кај граѓаните кои 60 дена претходно мирно протестирале против лицитирањето со државните и националните интереси.
- Очекуваме надлежните органи да реагираат по незаконското, антиделовничкото и антидржавното однесување на Ферид Мухиќ, Горан Мисовски и други пратеници кои спротивно на Уставот, законите и Деловникот избраа во нелегална постапка нелегитимен претседател на Собранието, истакна тој.
Додаде дека СДСМ и Петре Шилегов преку манипулации се обидуваат да го покријат своето антидржавно однесување изминатиот период и оти тој сака целата вина за случувањата и обидот за убиство на правната држава да ја испере од себе и од соучесниците во, како што рече, државниот удар и да ја префрли врз сопствениот народ.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска