ВМРО-ДПМНЕ објави афера „Мафија 2“: 20.000 двојни матични броеви
Над 20.000 граѓани имаат двојни матични броеви и нив ги користат за двојно гласање, перење на пари и разни други видови на криминал, обвини денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека еден ваков двоен матичен број му бил даден и на турскиот наркобос Седат Пекер по кого интензивно трага турската полиција.
Аферата Мафија 2 е втор дел од аферата со фалсификуваните пасоши кои според ВМРО-ДПМНЕ Заев и Спасовски им ги делеле на криминалците од блаканското подземје. Во СДСМ пак сметаат дека аферата Мафија 2 доаѓа по неуспехот за како што велат саботажа на акцијата која тие ја нарекуваат Двојник.
Откако не им успеа обидот за саботажа на полициската акција „Двојник“, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во јавноста пласираат информации поврзани со друг процес кој е во тек во Министерството за внатрешни работи.
Во МВР веќе подолг период трае постапката за поништување на двојните матични броеви, кои се јавиле како последица на грешки и технички пропусти при определувањето и запишувањето на матичните броеви.
А бројот на овие спорни податоци е многу помал од 20.000 со кои манипулира ВМРО-ДПМНЕ – велат од СДСМ.
Два дена откако лидерот на опозицијата ја објави аферата Мафија МВР спроведе акција во која приведе десетина полициски службеници.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
