ВМРО-ДПМНЕ: Нудиме нови, некорумпирани кандидати за локалните избори
Нови, некорумпирани и кандидати со најголема поддршка кај граѓаните е понудата на ВМРО-ДПМНЕ за наредните локални избори.
Кандидати кои имаат визија, план и стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за градење и развој на секоја општина.
Во понудата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври се докажани професионалци, стопанственици, доктори и опшественици кои се докажани и познати во средините од каде што доаѓаат.
Нова сила во политиката која ќе донесе промени во секоја една општина, нови работни места, нови улици и нова инфраструктура. Кандидати кои ќе допринесат за развојот и просперитетот во својата средина, кои што во нивните програми ќе има место за секој еден граѓанин да почуствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.
Кандидати кои се во секојдневна комуникација со народот, и кои одговорно и посветено ќе работат за граѓаните.
СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие или се во целосна одбрана на криминалот на власта. Истите стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори.
Ова е разлика помеѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Нови наспроти стари и истрошени кадри, професионалци наспроти криминалци, способни и докажани наспроти неработници.
ВМРО-ДПМНЕ има вистинска понуда за нов почеток за сите луѓе во Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова
-
Преглед на вестите од светот