ВМРО-ДПМНЕ: Никој ме смее да калкулира во кризна состојба која носи ризици за ширење на вирусот
Не постои ништо поважно од здравјето на граѓаните. Сите мора да се кренат над личните и политичките интереси и да покажат одговорност кон овој приоритет.
Борбата за власт по цена на животите и здравјето на граѓаните е неприфатлива.
Никој ме смее да калкулира во кризна состојба која носи директни ризици за ширење на вирусот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува без колебање да се постапува одговорно од страна на политичките партии во Македонија, бидејќи интересот на граѓаните е најважен.
Здравствениот тим на партијата повикува и апелира сите институции на системот да се однесуваат одговорно и со крајна внимателност да ги следат препораките коишто доаѓаат од релевантните меѓународни институции.
Заштитата и превенцијата е нужна за да не се дозволи ескалирање на состојбата. Потребно е владата да воведе мерка за бесплатни маски за заштита и дезинфекциски средства кои би биле достапни за сите граѓани вклучително и за оние коишто не можат да си дозволат истите да ги набават.
Здравствениот тим на ВМРО-ДПМНЕ предложува да се превземат и специјални мерки за движење на стока, како и за работа на маркетите и продавниците, да се воведе правилото „од метар ипол“ растојание.
Справувањето со оваа ситуација на пандемија, ќе биде значајно за државата и пресудно за здравјето на граѓаните. Не смее да има простор за грешки и импровизации на надлежните институции. Здравјето на граѓаните е пред се и секој живот вреди, затоа владата да ги прифати укажаните предлози и истите да се спроведат за да се забави и спречи ширењето на вирусот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина
-
Муцунски во Шведска
-
Мицкоски е подготвен да оди во Кочани да разговара со родителите на загинатите во “Пулс”
-
Интернационален тим лекари 6 недели обучуваа свои колеги за рехабилитација на повредните во Кочани
-
Син со секира го уби својот татко