ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржуваме закони, акти и решенија кои се на штета на државата
СДСМ повторно манипулира. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на седницата на која помина потребата од донесување на скратена постапка на Законот за ДДВ и намалување на ДДВ –то за струја.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржувало и нема да поддржува закони, акти и решенија кои се на штета на Македонија.
Насилието кое го прави СДСМ преку општинските совети, кои ги користи за гласање на сите штетни политики кражби на граѓаните мора да запре. Таква кражба на граѓаните е и одлуката на Ѓорче Петров преку градинката Росица да набави две машини за перење од над 25000 евра, во услови кога истите такви машини не се поскапи од 15000 евра. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи грабеж на народот и секогаш ќе се спротивставиме.
Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба
-
Средба Мисајловски - Бардуани: Продолжуваме со придонесот во КФОР кој ја зацврстува регионалната безбедност
-
Албанија уништи над 60 тони мандарини, вратени од земји членки на ЕУ, поради високо ниво на пестициди
-
Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди
-
Таравари: За неколку директори правиме евалуација,за тоа како водат, колку стручно и компетентно
-
Жителка од Велешта една година крадела струја во стан во Струга
-
Караванот „Зимска новогодишна бајка” на Државна лотарија шири магија низ Скопје
-
Утре ден на жалост во Загреб