ВМРО-ДПМНЕ: Министерството на Филипче одлучило да се користат леснозапаливи материјали за модуларната болница
Венко Филипче да имаше барем грам доблест досега ќе поднесеше неотповиклива оставка за трагедијата во Тетово со 14 загинати пациенти. Но овој човек ниту има морал ниту има одговорност.
А токму Филипче и Министерството за здравство кое го раководи се најповикани за овој пожар на модуларната болница, бидејќи тие ја спровеле јавната набавка на монтажните болници во која се бара материјалот да биде од ПУР панели кои се најслабо огноотпорни. Лесно запаливите панели се причината поради која болницата изгоре за 2-3 минути, наместо 2 часа доколку беше градена од поквалитетни огноотпорни материјали. Ваквиот материјал не било барано да биде атестиран, дополнително немало технички прием на објектите, немало инспекциски извештај од Дирекцијата за заштита и спасување, немало апарати за противпожарна заштита, ниту систем за рана детекција на пожари, и редица други пропусти и грешки. Овие пропусти и грешки може да се клучни за трагичниот настан и евентуалната кривична одговорност која би уследила. Но за моралната одговорност на Филипче не е потребна експертиза и форензика. Таа треба да биде нормална доколку се работеше за нормален министер во нормална држава.
Вака со Филипче се уште на позицијата министер за здравство нема апсолутно никаква гаранција за кредибилна истрага, затоа што од позиција на моќ и власт може да се влијае врз процесот. Потребна е објективна истрага ослободена од Заев, Филипче и Хасани. Затоа оставки!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг
-
Менкиновски: Македонците со фиктивни адреси во Бугарија ќе ги задржат државјанствата, но ќе платат парична казна
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново