ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Николовски продолжува да ги лаже земјоделците
Министерот Николовски продолжува бесрамно да ги лаже земјоделците.
Тој не гледа проблем ни кога цената на бостанот се движи од 2-3 денари кога се враќаат пратки со домати од странство, заради карантински болести, а на повидок е повторно враќање на голема количина со праски.
Уште една голема лага се дополнителните средства за доматите кои ќе се носат на преработка во преработувачките капацитети ако се знае дека голем дел од нив почнуваат со работа кон крајот на август и почетокот на септември.
Николовски има амнезија и за ветувањата кои им ги има дадено на земјоделците. Тој вети дека 15 дена пред откупот ќе ги објавува и ќе ги гарантирате откупните цени и на откупувачите и на производителите.
Земјоделците не се должни да ги трпат празните ветувања на Николовски и Заев.
Земјоделците се понижени, а нивното достоинство згазено.
Државата и земјоделството тонат на секој можен поглед.
Николовски е крајно неспособен и нема капацитет да го води Министерството за земјоделство. Оваа неспособна и ненародна власт мора да си замине. Република Македонија заслужува подобро.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец