Македонија
16. July 2019 - 12:50

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ќе дојде на лидерската само за да разговара за предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека на лидерската средба во петок ќе дојде само за да разговара за предвремени парламентарни избори. Партискиот портпарол денеска на прес - конференцијата во која се наоѓа државата едноставно нови избори можат да ги решат проблемите и да го вратат правото и правдата. 
 
Арсовски вели дека е јасно дека Заев е исплашен од соочувањето со граѓаните и свесен дека на следните избори ќе доживее тежок пораз по кој мора да се соочи со законот.
 
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го чека епилогот од најавената лидерска средба,  а доколку не се создадат услови за предвремени избори партијата ќе ја разгледа можноста истите да ги издејствува на друг начин кој не вклучува протести на улиците или напуштање на институциите.
 
Александар Спасовски