ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за стопанството на Владата се несериозни, задоцнети и не се доволни
Неспособната влада на СДСМ планира да зема од сиромашните за да го покрива нивното расипништво.
На СДСМ не им е доволно што ги оставија граѓаните и компаниите на цедило во време на пандемија сега дополнително сакаат да удрат по празните џебови со покачување од 2 денари на акцизата.
Македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо.
Мерките кои што ги презентираа за стопанството се несериозни, задоцнети и не се доволни, дури и не значат никаква помош, напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа Република Македонија.
Додека владата тврди дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките и веќе се започнати масовни отпуштања од страна на компаниите кои се соочуваат со проблеми на неликвидност.
Граѓаните со право се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства.
Со овие чекори СДСМ само докажува дека единствено се грижат за своите џебови, но не и за иднината на граѓаните.
Ново на Сител
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба
-
Во март пониски увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи
-
Камионџија од Украина пронајден починат на Табановце
-
Пленковиќ го доби мандатот за состав на нова влада на Хрватска
-
Продажните цени на производителите на индустриските производи во март пониски за 1,5 отсто на годишно ниво
-
Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје
-
Сообраќајка меѓу три возила во Скопје: Повредени четири лица
-
Град Скопје: Премиерот од Форино кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори